- Некогашниот голман на Еурофарм Пелистер, Харис Плех, и во следната сезона ќе брани во Израел. Босанскиот чувар на мрежата потпиша нова соработка на една сезона со тимот на Хапоел Кирјат Оно.
- Белорускиот првак Мешков Брест остана без петмина ракометари од минатата сезона. Заминаа десните бекови Николај Алјохин и Дмитри Артамонов, пикерот Артјом Селвасјук, како и средните бекови Чан Цијанце и Валентин Силко.
- Хрватскиот среден бек Патрик Мартиновиќ по една сезона замина од словенечкиот Целје и потпиша за АЕК Атина. Тој потиша договор на една сезона со АЕК и ќе биде четвртиот Хрват по Мандалиниќ, Јукиќ и Соколиќ.
- Рускиот шампион ЦСКА Москва се засили со левиот бек Јулија Гарјаева, која потпиша договор на една сезона со можност да биде продолжен за уште една. Таа доаѓа од романската Магура Чиснадие, а претходно играше за Кубан и Астраханочка.
- Норвешкиот голман Робин Хауг по настапите во данскиот Скјерн се врати дома, каде ќе биде дел од Елверум. Следното лето стапува на сила неговиот договор со бундеслигашот Хамбург, кој е активен до 2026 година.