- Францускиот Тулуз каде што тренер е Данијел Анѓелковиќ, го донесе 18-годишниот десен бек Урош Митровиќ, кој играше за австрискиот Брегенц и полската Висла Плоцк. Тулуз станува српска колонија бидејќи таму се Немања Илиќ и Алекса Колаковиќ.
- Српскиот шампион Војводина го пополни својот ростер со ангажманот на тунискиот кружен напаѓач Маруан Шуриеф. Тој доаѓа од францускиот Трембле, а освен во татковината играше и за турскиот Гозтепе.
- Официјалниот сајт на Висла Плоцк објави дека е потпишан договор на две сезони со можност да биде продолжен за уште две, со младиот Белорусин Никита Баранов. Тој беше најдобар стрелец во Втората лига на Полска минатата сезона.
- Шпанскиот Синфин Сантандер објави дека е постигнат договор со германскиот десен бек Лукас Бем. 29-годишниот Бем играше за Вурзбург во Втората Бундес лига и од 2016 година во оваа конкуренција даде 247 меча.
- Словачкиот Татран Прешов се засили со францускиот лев бек Адама Сако, кој доаѓа од шпанскиот тим Бургос. Тој ќе биде замена за капитенот Оливер Рабек, потекнува од Трембле, а има настапувано и за Иври.