ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Спортинг купуваше од Барса, Наваро ќе игра и на 43 години, Јусуф оди во Шпанија

  • Аргентинскиот репрезентативен голман кој досега беше дел од европскиот првак Барселона, Лео Масиел, ќе има нов предизвик во кариерата. Тој се сели во Португалија и ќе игра за тамошниот вицепрвак Спортинг Лисабон.
  • Бундеслигашот Хамбург го објави трансферот на хрватскиот голман Иван Будалиќ. Со Будалиќ, кој досега го бранеше голот на францускиот Лимож, потпишан е договор на една сезона.
  • Официјалниот сајт на Рокаса објави за продолжувањето на соработката со шпанската легендарна голманка Силвија Наваро. Иако има 43 години, Наваро не размислува за крај и најмалку уште една сезона ќе брани за екипата од Гран Канарија.
  • Рускиот тим Донски Козаци објави за разделбата со девет ракометари од минатата сезона, како и со тренерот Сергеј Бебешко. Иако имаа голмеи амбиции, сепак тимот од Уфа не успеа да се бори со ЦСКА и Чеховси Медведи.
  • Словенечкиот вицепрвак Тримо Требње објави за продолжување на соработката со хрватското десно крило Филип Главаш. Хрватот, кој има 25 години, ќе остане уште најмалку една сезона во Требње.
  • Полскиот пивот Матеуш Пиечовски, кој претходно настапуваше за Висла Плоцк, Адемар Леон и Виктор Ставропол, во новата сезона ќе има нов предизвик, откако потпиша договор со германскиот Емсдетен.
  • Несудениот ракометар на Бутел Скопје, Фарук Јусуф, ќе оди на позајмица. Келце ќе го испрати нигерискиот десен бек во шпанската екипа Пуенте Хенил, за која пред два дена потпиша и грузискиот пивот Ерекле Арсенашвили.