- Финскиот Рихимаки Кокс објави дека е потпишана соработка со 25-годишниот среден бек од Босна и Херцеговина, Кемал Хамзиќ. Тој доаѓа од шпанската Гвадалахара, а претходно има играно во Коњух Живинице.
- Францускиот ветеран Седрик Сорендо, иако беше најавено дека ќе ја заврши кариерата, сепак ќе продолжи да игра најмалку една сезона. Сорендо потпиша нов едногодишен договор со романскиот првак Динамо Букурешт.
- Спортинг Лисабон се засили со 20-годишниот Жоао Гомеш, кој настапува на средната бековска позиција. Гомеш претходно беше дел од Агуаш Санташ, за кој имаше одлични партии минатата сезона.
- Третопласираниот тим од Португалија, Бенфика, по Филип Талески го промовираше новото засилување, а тоа е средниот бек од Агуаш Санташ, 21-годишниот Руи Баптиста.
- Романскиот тим Крајова се пофали со потписот на шпанската репрезентативна голманка Дарли Зогби Де Паула. Таа последниот период бранеше во францускиот Брест, а во Крајова ќе ја замени Јована Рисовиќ, која ја чека долга пауза.




