ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Славиќ оди во Лимож, Илиќ се сели во Хамбург, Алборг го промовира Влах

  • Десниот бек на Веспрем и на унгарската репрезентација, Зоран Илиќ, на лето заминува и ќе се пресели во бундеслигашот Хамбург, со кој се договори за двегодишна соработка.
  • Кружниот напаѓач на Штутгарт и шведски репрезентативец, Оскар Бергендал, до крајот на сезоната ќе ги брани боите на шампионот Магдебург и ќе биде замена за повредениот Данец Саугструп.
  • Данскиот вицепрвак Алборг го промовираше словенечкиот плејмејкер Алекс Влах, кој потпиша договор на три сезони и од Целје на лето ќе се пресели во Данска, каде ќе биде замена за Палмарсон.
  • Некогашното десно крило на Вардар и на ЦСКА Москва, Екатерина Љубјанаја, го промени клубот во Израел. Од Макаби Аразим Рамат Ган, руската интернационалка се сели во Макаби Ришон Ле Зион, каде ќе биде колешка на Драгана Петковска.
  • Црногорската репрезентативка Марта Батиновиќ, на лето ќе го смени клубот, но ќе остане во Романија. Таа заминува од Глорија Бузау и ќе се пресели во Магура Чиснадие, каде што игра македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска.
  • Голманот на Загреб, Дино Славиќ, по две сезони минати во хрватскиот шампион, одново ќе стане интернационалец. Тој се договори со францускиот Лимож и потпиша договор на две сезони.