- Според пишувањата на „БУ Спорт“, кружниот напаѓач на Мешков Брест, Артем Селвасјук заминува од клубот по долго време. Тој целата кариера ја мина во белорускиот првак, со исклучок на една сезона кога играше во Унгарија.
- По Мирко Радовиќ, Филип Борозан, Вук Лакичевиќ и Лука Вујовиќ, црногорскиот првак Ловќен се засили со уште еден екс ракометар на тимот од Цетиње. Станува збор за десниот бек Иван Перишиќ, кој играше долго време во Унгарија.
- АЕК Атина за новата сезона во која има големи амбиции се засили со десното крило од полскиот вицепрвак Висла Плоцк, Кшиштоф Комаржевски. Tој потекнува од Гдањск, а последните три сезони играше во Висла Плоцк.
- Официјалниот сајт на шпанскиот тим Нава објави за потписот на договорот со искусниот Исаија Гвардиола на две сезони. Гвардиола се враќа во татковината по 11 сезони во кои играше за Рајн Некар, Ерланген и Лемго.
- Рускиот шампион ЦСКА Москва објави дека е продолжена соработката со репрезентативецот на Кина, Се Цинлун. 22-годишниот кружен напаѓач ќе остане во руската престолнина најмалку уште една сезона.
- Украинскиот плејмејкер Владислав Паровинчак потпиша двегодишен договор со полскиот Тарнов. Тој потекнува од Мотор Запорожје, играше за шпанскиот тим Овиедо, а има настапи и за белорускиот тим Машека.