- Некогашниот бек на Младост Богданци, Виља де Аранда, Мешков Брест…Никита Лошчаков, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата. Белорусинот потпиша за тимот од нашиот јужен сосед што го освои Купот, Пијала. За овој клуб потпиша и поранешниот бек на Металург, Лука Стојановиќ.
- Младинската репрезентативка на Хрватска, Миа Бркиќ, потпиша за францускиот шампион Мец. Таа досега играше само за Сесвете, но по одличниот настап на младинскиот Мундијал во Словенија си обезбеди убав трансфер.
- Австрискиот репрезентативец Роберт Вебер официјално е нов ракометар на шампионот на јужниот сосед на Македонија, Олимпијакос. Вебер доаѓа од бундеслигашот Нордхорн, а претходно беше дел од Балинген и Магдебург. Покрај Вебер, Олимпијакос го потврди и трансфер на Елмир Граџан од Еурофарм Пелистер.
- Данскиот интернационалец Хенрик Јакобсен го напушти францускиот Ним, каде што играше минатата сезона. Тој ова лето се враќа во татковината и ќе ги брани боите на шампионот ГОГ Гудме, со кој потпиша договор на четири сезони.
- Десното крило Урош Колунџиќ, е најновото засилување за амбициозниот тим на Црвена Ѕвезда. Минатата сезона беше дел од Пролетер Зрењанин и беше втор стрелец на екипата минатата сезона. Ѕвезда претходно се засили со Бранко Канкараш, Рамзи Мајдуб, Никола Периќ, Милош Бујишиќ и Ротем Сегал.
- Средниот бек Карлос Руесга и во новата сезона ќе ги брани боите на португалскиот Спортинг Лисабон. Шпанскиот ветеран е еден од носителите на играта на тимот од Лисабон, го продолжи договорот за уште една сезона.