- Екс тренерот на ЖРК Вардар, Ким Расмусен официјално беше назначен за нов предводник на амбициозниот Рапид Букурешт. Данецот одлично го познава женскиот ракомет во Романија бидејќи беше тренер на ЧСМ Букурешт и Глорија Бистрица, но и селектор на романската женска сениорска репрезентација. Со тимот на ЧСМ Букурешт ја освои Лигата на шампионите во 2016 година.
- Полскиот вицепрвак Висла Плоцк денес соопшти дека е продолжена соработката со хрватскиот интернационалец Ловро Михиќ. Хрватот, кој настапува на позицијата лево крило, во Висла Плоцк ќе остане и во наредните две сезони. Михиќ во Висла Плоцк пристигна во текот на 2016 година од редовите на неговиот матичен клуб Загреб.
- Еден од клубовите со најголем буџет во Франција, Лимож го претстави новото засилување. По ангажирањето на Игор Турченко од Мотор Запорожје, клубот во следната сезона ќе биде посилен со левото крило Максим Огандо. Двете страни се договорија на соработка, со важност од две години. Огандо во Лимож ќе се бори за минутажа со репрезентативецот на Шпанија, Анхел Фернандес.
- Екипата на Целје за новата натпреварувачка сезона 2023/24 ангажираше ново засилување. Станува збор за десниот бек Грегор Кречиќ, ракометар кој во својата кариера настапуваше за Копер. Поранешниот младински репрезентативец на Словенија во последните две сезони настапува во шампионатот на Унгарија, поточно во екипата на Чургу и со раководството на Целје се договори на двегодишна соработка.
- Австрискиот суперлигаш Брегенц направи промена на тренерската функција откако клубот имаше лоши резултати на претходните натпревари. Довчерашниот тренер Михаел Рот ќе биде заменет со неговиот асистент Марко Танасковиќ.