- Грчкиот вицепрвак Олимпијакос по Иван Слишковиќ, се засили со уште еден Хрват. Станува збор за десното крило Иван Вида, кој доаѓа од францускиот тим Селеста. Претходно четири сезони играше за Нексе, а потекнува од Дубрава.
- Левиот бек Николас Клер потпиша договор со францускиот второлигаш Трембле, откако замина од тимот на Екс Ан Прованс. Клер претходно по пет сезони играше за ПСЖ и Нант.
- Босанскиот лев бек Дино Хамидовиќ по две сезони во унгарскиот тим Ѓенѓеш се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Грачаница. Пред настапите во Унгарија, Хамидовиќ играше за словенечкиот Тримо Требње.
- Португалскиот првак Порто по новиот тренер, промовираше и две нови засилувања пред стартот на новата сезона. Двајцата доаѓаат од шпанскиот Адемар Леон – десниот бек Давид Фернандез и десното крило Aнтонио Мартинез.
- Кружниот напаѓач Иван Бурзак ја продолжи соработката со третопласираната екипа во полскиот шампионат Азоти Пулави на уште две сезони. Бурзак претходно настапуваше за украинскиот првак Мотор Запорожје.