- Откако реши да го намали буџетот на половина за следната година, Спортинг Лисабон ќе се потпре на млади ракометари. Голманот Томас Ван Зелер, левото крило Салвадор Салвадор, средниот бек Жоел Рибеиро и десното крило Нуњо Реис ќе игра за португалскиот вицепрвак.
- Романскиот шампион Динамо Букурешт е решен да го затвори ростерот пред стартот на летото. Откако продолжи договори со Кудуз, Калуини и Мамду, а ги донесе Валентин Јонеа и Андраш Шаш, ја обнови соработката и со двајцата голмани – Иранецот Саеид Хеидарирад и Тунижанецот Макрем Мисауи.
- Шпанската Нава ги ангажираше левото крило од Црна Гора, Филип Вујовиќ, кој оваа сезона беше член на Кањас и средниот бек од Португалија, Фелипе Мота, кој ги бранеше боите на Уеска.
- Порто останува без Алексис Боргес кој ќе оди во францускиот Монпелје, но веќе ја пополни дупката во ростерот. Португалскиот првак реши да го врати од позајмица младиот пивот Тиаго Соуса, кој во минатата сезона беше позајмен на тимот на МАИА Исмаи.
- Левиот бек на шпанскиот Пуенте Хенил, Алахкарам Естеки е нов ракометар на романскиот тим Бузау. Иранскиот репрезентативец, кој се враќа во Романија по настапите за Динамо Букурешт и ЧСМ Букурешт, потпиша договор на две години со тимот што ќе биде екс стратегот на Вардар, Перо Милошевиќ.
- Украинскиот голман Антон Деревјанкин, кој лани со ЗТР Запорожје гостуваше во Македонија на Бутел во ЕХФ Купот, ќе има интернационален предизвик, откако потпиша договор на две години со полскиот тим Хробри Глогов.