ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Ненадиќ остана без клуб, од Бенфика си замина уште еден голман

  • Шпанскиот Грањолерс покрај заминувањата на Иван Поповиќ и Јан Тарафета, остана без уште двајца ракометари – левиот бек Драшко Ненадиќ и десниот бек Освалдо Дос Сантос.
  • По пет сезони минати во Бундес лигата, во тимовите на Рајн Некар Левен и Бергишер, шпанскиот кружен напаѓач Рафаел Баена се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Антекера.
  • Покрај Марија Штериова, романскиот тим Глорија Бузау се засили со уште четири ракометарки – десното крило Дијана Ујкиќ од Магура, кружниот напаѓач Бобана Кликовац, левото крило Ангела Јанушевиќ и Патриција Морару.
  • По Борко Ристовски, тимот на Бенфика остана без уште еден чувар на мрежата. Станува збор за Мигел Еспиња, кој по 16 години и шест освоени титули, се заминува од Лисабон и ќе брани за шпанскиот тим Уеска.
  • Средниот бек на ЦСКА Москва, Михаил Виноградов, го продолжи договорот со рускиот тим на уште една сезона, со можност за понатамошна соработка ако двете страни бидат задоволни.