- Репрезентативката на Данска, Ане Мете Хансен на лето ќе си замине од унгарскиот гигант Ѓер и ќе се пресели во екипата на Мец. Искусната ракометарка, која со Данска на Европското првенство 2022 го освои сребрениот медал, во редовите на Ѓер пристигна во текот на 2017 година и со унгарскиот тим двапати ја освои Лигата на шампионите. Откако двете страни не ја продолжија соработката, француски Мец веднаш се вклучи на трансфер пазарот. Мете Хансен во Мец ќе настапува најмалку две сезони.
- Поранешниот селектор на Бахреин, Халдур Сигфусон од следната сезона ќе биде тренер на Нордсјеланд. На кормилото на Нордсјеланд ќе го замени Симон Дал, кој од следната сезона ќе работи во тимот на Алборг. Сигфусон во оваа сезона работи како помошен тренер во Холстебро.
- Екипата на ЧСМ Букурешт продолжува да се засилува за следната сезона. Нова ракометарка во екипата на ЧСМ Букурешт ќе биде репрезентативката на Данска, Трине Остергард. Десното крило на данската репрезентација моментално настапува за германскиот шампион Битингхјам. ЧСМ Букурешт за следната сезона ги ангажираше десните бекови Моника Коблинска од Брест Бретањ и Лаура Флипес од Париз, потоа кружниот напаѓач Вилде Ингштад од Есбјерг и левото крило од Рапид Букурешт, Џенифер Гутиерез.
- Според информациите на данската телевизија ,,ТВ2″, двете репрезентативки на Холандија, Андреа Хансен и Никита Ван Дер Влиет од следната сезона ќе го носат дресот на Оденсе. Данскиот шампион на лето ќе прави реконструкција на тимот, кој ќе го напушти и актуелниот тренер Улрик Киркели. Искусниот стратег ќе го преземе кормилото на Ѓер.