- Пикерот на полската репрезентација, Јоана Драбик, потпиша нов договор со тимот на Заглебје Лубин и ќе остане во шампионот и во следните три сезони, односно до 2025 година.
- Чешкиот среден бек Томаш Бабак ја продолжи соработката со бундеслигашот Бегишер до 2026 година. Тој досега има одиграно 221 меч за овој клуб и постигнато 464 погодоци.
- Унгарсиот вицепрвак Веспрем продолжува да работи на играчкиот кадар. По голманот Цупара, нов договор потпиша и францускиот репрезентативец Кентан Мае. Договорот е на една сезона, со можност да биде продолжен за уште една.
- Бундеслигашот Мелсунген објави дека е потпишан нов договор со десното крило Јулијан Фукс. 21-годишниот ракометар се обврза на верност до 2025 година и ќе формира трио со Тимо Кастенинг и Дмитри Игнатов.
- Романската репрезентативна голманка Јулија Думанска реши да го продолжи договорот со амбициозниот тим Глорија Бистрица. Думанска се обврза на едногодишна верност.
- Швајцарскиот Кадетен Шафхаузен објави за трансферот на полскиот репрезентативец Ариел Петрасик. 23-годишниот среден бек на Сент Гален игра одлично во швајцарскиот шампионат и постигнува во просек по девет гола на натпревар.
- Плејмејкерот Јури Кнор потпиша нов договор со Рајн Некар Левен, кој го обврзува да остане во Манхајм до 2026 година. Тој минатата сезона дојде во Рајн Некар од Минден, а претходно мина дел од кариерата во големата Барса.
- Ривалот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, Бидасоа, објави дека е продолжен договорот со левото крило Микел Сабала за уште четири сезони, односно до 2026 година.
- Данскиот Есбјерг веднаш најде замена за норвешката репрезентативка Вилде Ингстад во името на Рике Иверсен, која досега играше за Оденсе. Таа потпиша договор на три сезони.