- Португалскиот репрезентативец Жилберто Дуарте посакува да замине од Монпелје и да се врати во татковината, а францускиот клуб го пикираше левиот бек Владислав Кулеш од Келце како прва опција за замена.
- Францускиот Сен Рафаел потврди дека за следната сезона покрај на Венсан Жерар ќе смета на левиот бек од Монепелје, Бенжамен Батај, како и не универзалецот од ПИК Сегед, Ник Хенигман.
- Словенечкиот репрезентативец со црногорско потекло, Милјан Вујовиќ, наредното лето заминува од Целје и ќе брани во Бундес лигата. Тој потпиша договор со Штутгарт, каде што ќе го менува ветеранот Примож Прост.
- Германската ветеранка, Сабине Енглерт, по 13 години заминува од данскиот Митјиланд, кој сега се вика Икаст. Таа во 2009 дојде во Данска од Хипо, а во татковината бранеше за Валндорф, Баер и Мајнцлар.
- Белорускиот репрезентативен чувар на мрежата, Вјачеслав Салдаценка, заминува од романскиот Бакау. Тој ќе се врати во татковината и ќе брани за Мешков Брест, каде што ќе го менува Иван Пешиќ, кој оди во Нант.
ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Кулеш во Монпелје, Мешков Брест има нов голман, Хенигман си оди ПИК Сегед
Од:Фото: Aрхива