- Еден од можните ривали на Вардар во Лигата на Европа, Рајн Некар Левен, се пофали со потписот на новиот договор на пивотот Јаник Колбахер. Германскиот репрезентативец ќе остане „лав“ најмалку до 2026 година.
- Српскиот десен бек Урош Митровиќ, го раскина договорот со полскиот тим Висла Плоцк. 21-годишниот Митровиќ беше на позајмица во австрискиот Брегенц, но нема да се врати во Плоцк иако имаше договор до 2024 година.
- Искусниот српски кружен напаѓач Илија Богдановиќ се враќа во татковината по две сезони во словенечката Рибница. 28-годишниот пивот потпиша договор на со Динамо Панчево.
- 24-годишното лево крило од Исланд, Ори Торкелсон, по две сезони замина од норвешкиот Елверум и потпиша договор со португалскиот вицепрвак Спортинг Лисабон. Претходно Торкелсон освен за Елверум, играше и за Хаукар.
- Некогашното десно крило на Вардар, Младен Ивановиќ, има нов клуб на Малта. Откако го водеше шампионот Алојзианс, од следната сезона ќе биде тренер на Хамрун. Во играчката кариера Ивановиќ освен за Вардар играше за Војводина, Партизан, Металопластика, црногорскиот тим Будуќност…