- Некогашниот лев бек на Еурофарм Работник, Сантијаго Москера, во новата сезона ќе ги брани боите на шпанскиот второлигаш Орнео Аликанте, откако минатата сезона беше дел од романскиот Темишвар. Колумбиецот претходно играше за Сиднеј, Гдањск, Маиа, Спортинг Хорта…
- Хрватскиот десен бек Шиме Ивиќ, кој беше во комбинација за засилување ова лето на македонски екипи, во новата сезона ќе ги брани боите на францускиот Екс Ан Прованс. Тој досега беше член на бундеслигашот Лајпциг.
- Романскиот Миовени, кој оваа сезона се бореше за опстанок, има големи амбиции за следната сезона. Ја донесе украинската репрезентативка Евгенија Левченко на десната крилна позиција, како и четири ракометарки од Балканот – босанскиот лев бек Армина Исиќ од Тулон, хрватскиот среден бек Ивана Дежиќ од Безансон, српското десно крило од Шиофок, Ана Којиќ, како и црногорскиот пивот од Локомотива, Марија Калуѓеровиќ.
- Рускиот шампион ЦСКА Москва објави дека е продолжена соработката со репрезентативец Валентин Воробјев. Средниот бек ќе остане во престолнината најмалку уште една сезона.
- Норвешкиот вицепрвак Елверум ќе го напуштат голманите Емил Инсгард и Ховар Скаре, шведските интернационалци Никлас Фингрен и Кристофер Хедберг, плејмејкерите Јосип Видовиќ и Урош Борзаш, како и исландското лево крило Ори Торкелсон.
- Швајцарскиот вицепрвак Криенс Луцерн објави дека е постигнат договор со Јонас Шелкер, плејмејкерот на репрезентацијата кој досега играше за бундеслигашот Вецлар. 24-годишниот Шелкер претходно беше дел од Кадетен Шафхаузен.