- Некогашниот тренер на Вардар, Ким Расмусен, не може да се задржи на едно место подолго време. Амбициозниот романски тим Глорија Бистрица, кој има голем буџет, но има слаби резултати – само четири победи на десет меча, реши да се раздели од данскиот стратег. Претходно Расмусен кратко време беше селектор на Унгарија, на Црна Гора, па тренер во Лублин…
- Десниот бек на Есбјерг и данската репрезентација, Мете Транборг, го продолжи договорот со актуелниот тим до 2025 година. Транборг дојде минатата година од Оденсе.
- Бундеслигашот Гепиген го продолжи договорот со тренерот Хармут Мајрхофер и за следните три сезони. Мајерхофер дојде во Гепинген од тимот на Битигхајм во 2017 година.
- Тимот на Штутгарт, каде што игра македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, ангажираше нов кружен напаѓач за следната сезона. Станува збор за членот на ГОГ Гудме – шведскиот интернационалец Оскар Бергендал, кој се обврза на договор на три сезони со бундеслигашот.
- Средниот бек на унгарската репрезентација и Мошонмаѓаровар, Естер Тот, останува во тимот и во наредниот период. Тот се обврза на нова тригодишна верност со Мошонмаѓаровар.
- Португалскиот шампион Порто, ангажираше нов десен бек за следната сезона. Откако стана јасно дека Мбенге заминува во Бундес лигата, раководството на Порто најде веднаш замена. Станува збор за шведскиот интернационалец Џек Турин, кој има 22 години и настапува за Сковде, а потпиша договор на три сезони.
ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс тренер на Вардар пак „избркан“, Порто ангажираше Швеѓанец, Штутгарт донесе нов пикер
Од:Фото: Aрхива