- Словенечкот Тримо Требње, се засили пред натпреварите од квалификациите за Лигата на Европа со десниот бек од Србија, Милјан Ивановиќ. Тој доаѓа од полскиот Стал Миелец, а се обврза на едногодишна верност.
- Некогашниот лев бек на Металург, Маријан Мариќ, во новата сезона ќе настапува во друг швајцарски клуб. По настапите за Амичитија Цирих, тој се сели во ТВ Сур Арау, а откако замина од Автокоманда играше за австрискиот тим Алпла Хард.
- Белорускиот среден бек Антон Пракапенија замина од швајцарскиот Амичитија Цирих и се врати во Австрија. Некогашниот играч на бундеслигашот Нордхорн ќе ги брани боите Барнбах.
- Левиот бек на данскиот Алборг, Андреас Холст Јенсен, заминува од клубот по доаѓањето на Микел Хансен. Тој се наоѓа на тест период во францускиот Монпелје, па доколку ги задоволи вкусовите на Канаје, ќе потпише договор.
- Левиот бек на репрезентацијата на Замбија, Феликс Камбунду и десниот бек на репрезентацијата на Нигерија, Ани Обина, се нови засилувања за рускиот тим Таганрог. Замбиецот Камбунду беше меѓу најдобрите стрелци на последното Африканско првенство во Египет, додека Нигериецот Обина доаѓа од израелскиот Бер Шева, каде беше меѓу најдобрите стрелци.