ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс голман на Металург се сели во Израел, Прибак останува во Војводина

  • Чилеанскиот репрезентативен пивот Естебан Салинас си замина од Бидасоа Ирун и потпиша договор на една сезона со друг тим од Асобал лигата, Грањолерс.
  • Французинот Седрик Сорендо, потпиша едногодишен договор со каталонскиот гигант Барселона и ќе комплетира 11 сезони.
  • Естонскиот лев бек Мат Патраил, кој си замина од бундеслигашот Хановер, останува во Германија откако потпиша договор со Рајн Некар Левен.
  • 21-годишниот португалски голман Диого Валерио, на кого не сметаа во Бенфика, потпиша договор со Гумерсбах.
  • Војводина останува без десните крила Рајко Продановиќ и Ален Овчина кој се враќа во Слобода Тузла, додека Немања Прибак ќе се остане и следната година.
  • Левото крило Мигел Камино го продолжи договорот со Ваљадолид на уште една година и ќе комплетира шест години во шпанскиот тим.
  • Поранешниот голман на Металург, Дарко Арсиќ, по две сезони заминува од францускиот Трембле и во следната ќе брани за израелскиот Рамат Хашарон.