- Левиот бек Лара Гонзалес Ортега потпиша договор со амбициозниот романски тим Рапид Букурешт. Шпанската репрезентативка во моментов игра за Париз, а од лето ќе се пресели во Романија. Претходно играше за Мец, Шиофок, Есбјерг и Безансон.
- Десното крило Мамаду Гасама потпиша нов договор со португалскиот Спортинг Лисабон. Шпанецот дојде во Португалија од Гранољерс во 2021 година и остави одличен впечаток.
- Европскиот шампион Кристијансанд објави за потписот на договорот со холандската репрезентативка Луис Абинг. Тој има важност од две сезони и ќе стапи на сила од лето, кога Абинг ќе замине од данскиот Оденсе.
- Романската Глорија Бистрица објави дека е потпишан договор со данскиот кружен напаѓач Ида Мари Дал, како и со францускиот среден бек Нионсан Ниомбла. Таа претходно беше дел од Париз, Шиофок и ЧСМ Букурешт, а сега одново се враќа во Романија.
- Тимот на Олчим Валчеа ја продолжи соработката со четири ракометарки. 32-годишниот среден бек од Украина, Ирина Глибко и 24-годишната голманка Дачијана Хосу потпишаа на една сезона, додека пикерот Асма Ел Гауи и левото крило Кристина Флорика потпишаа до 2025 година.
- 41-годишната германска голманка Сабине Енглерт не размислува за крај на кариерата. Таа потпиша нов договор на една сезона со данскиот Архус, каде што настапува од минатото лето.
- Унгарскиот Ѓер објави дека се продолжени соработките на уште една сезона со левото крило Надин Шатцл, како и со холандската интернационалка Ивет Брох, која се врати во Унгарија минатата сезона.
- Полскиот тим Гвардија Ополе го смени тренерот Рафал Куптел и на негово место доаѓа легендарниот репрезентативец Бартош Јурецки, кој досега беше на клупата на Пјотрковија.
- Според романскиот „Про Спорт“, актуелниот првак Динамо Букурешт, по Владимир Цупара, договорил уште едно засилување од Унгарија. Станува збор за пикерот на ПИК Сегед, Миклош Рошта, кој одигра одлично на СП во Полска и Шведска. Тој би требало да се пресели во Романија во исто време со Цупара, односно во 2024 година.