- Десниот бек на шпанска Бидасоа Ирун, кој своевремено беше дел од Еурофарм Пелистер, Михајло Митиќ, од ова лето ќе ги брани боите на романскиот тим Бузау, каде што веќе потпиша средниот бек Аиденас Малашинскас, пишува „ГСП“.
- Црногорската репрезентативка Јелена Деспотовиќ од ова лето ќе ги брани боите на унгарскиот Ференцварош. Таа доаѓа од шампионот Ѓер, за кој настапуваше две сезони, а претходни шест години играше за Дебрецин.
- Белорускиот десен бек Артур Карвацки, кој своевремено беше мета и на македонски екипи, си замина од тимот на Баер Дормаген. Пред да се пресели во Германија, Карвацки играше за Виктор Ставропол, Донски Козаци, Загреб, Базел, Олимпијакос, Балатонфуреди и СКА Минск.
- Како што пишува рускиот „Брз Центар“, рускиот репрезентативен лев бек Михаил Виноградов, се враќа во татковината. По две сезони минати во австрискиот Брегенц, Виноградов би требало да го облече дресот на Зенит.
- Шпанскиот интернационалец Арно Гарсија, заминува од португалската Бенфика и се враќа во Франција. По три сезони во Лисабон, Гарсија се сели во францускиот Иври со кој потпиша договор на две сезони. Претходно играше за Тулуз.
- Словачкиот Татран Прешов останува без шест играчи од ростерот што играше оваа сезона. Станува збор за пикерот Роман Царапкин, потоа голманот Маркос Колодети, левото крило Серхио Лопез, десното крило Давид Михалка, средниот бек Лукаш Гогола, како десниот бек Никола Ивановиќ.