ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Вебер оди во Фуксе Берлин, Кулеш останува во Хановер, Монпелје донесе десно крило

  • Данскиот Оденсе објави дека е потпишан тригодишен договор со левиот бек на норвешката репрезентација, Рагнхилд Вале Дал. 25-годишната ракометарка во моментов игра за европскиот првак Кристијансанд.
  • Тимот на Скјерн објави дека од летото 2024 година ќе биде посилен за Бјарке Кристенсен. Левото крило потпиша договор на четири сезони, а во моментов е член на Колдинг и е најдобар стрелец во данскиот шампионат.
  • Бундеслигашот Гепинген го продолжи договорот со ветеранот Тим Кнојле за една сезона. Тој целата кариера му е верен на овој клуб и досега на 478 меча постигна 1011 погодоци.
  • Поранешниот словенечки репрезентативец Горазд Шкоф ќе има нова улога во бундеслигашот Ерланген. По завршувањето на играчката кариера во 2021 година, тој преминува во тренери и ќе работи со голманите во Ерланген.
  • Белорускиот репрезентативец Владислав Кулеш го продолжи договорот за уште еднна сезона со бундеслигашот Хановер. Тој минатото лето дојде во Германија од полскиот Келце и остави одличен впечаток.
  • Францускиот Монпелје ангажираше трето засилување за следната сезона. Станува збор за шпанското десно крило Хаиме Фернандес, кој доаѓа од бундеслигашот Нордхорн и потпиша договор на три сезони.
  • Австрискиот интернационалец Роберт Вебер заминува од Олимпијакос по само една полусезона и се враќа во Бундес лигата. Тој потпиша договор со Фуксе Берлин до крајот на сезона и ќе биде замена за повредените Линдберг и Кринц.