- Освојувачот на титулата во Лигата на Европа, Бенфика, донесе два средни бека. Станува збор за Шпанецот Андер Искиердо и Унгарецот Адам Јухас, кои доаѓаат од Анаитасуна и Татабања, кои потпишаа договори на една сезона.
- Словенечкиот вицепрвак Тримо Требње, донесе уште едно засилување пред стартот на новата сезона. Станува збор за 28-годишниот босански голман Мирнес Грчо, кој доаѓа од Горњи Вакуф, а претходно бранеше за Горажде, Босна Високо, како и катарските Ал Џаиш и Ал Духаил.
- Десниот бек на туниската репрезентација, 32-годишниот Амин Банур, кој замина од романскиот првак Динамо Букурешт, во наредната сезона ќе ги брани боите на Ал Мудар од Саудиска Арабија. Договорот е на една сезона.”.
- Бундеслигашот Лајпциг се засили со десно крило пред стартот на новата сезона. Станува збор за членот на Балинген, Мориц Штрозак, кој потпиша договор на три сезони.
- Некогашниот пивот на Металург, Бранко Канкараш, по две сезони во израелскиот тим Макаби Ришон Ле Зион, се враќа на Балканот. Тој потпиша договор со амбициозниот тим на Црвена Ѕвезда, што ќе биде негов четврти клуб во Србија, по Војводина, Металопластика и Југовиќ Каќ.