- Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице потпиша договор за следната сезона со искусниот 37-годишен Словенец Марко Безјак. Плејмејкерот десет сезони беше дел од бундеслигашот Магдебург, а претходно играше за Горење и Ормож.
- Бундеслигашот Балинген објави дека за следната сезона ги ангажира десниот бек на Загреб, Чаба Лејметер и десното крило од шпанска Куенка, Лео Прантер. Унгарецот и Италијанецот потпишаа на две сезони.
- Хрватскиот интернационалец Марино Мариќ нема да го доработи договорот со Лајпциг до крајот и од денеска се сели во Штугарт. Тој претходно долго време беше член на Мелсунген, па Штутгарт ќе му биде третиот бундеслигашки клуб во кариерата.
- Полскиот Келце реши да го врати во своите редови 19-годишниот голман Никодем Блажејевски, кој играше за вториот тим и ќе формира трио со Андреас Вулф и Матеуш Корнецки.