- Данскиот стратег Хеле Томсен, која по заминувањето од турскиот Кастамону не работеше во ниту еден клуб, до крајот на сезоната ќе биде дел од освојувачот на Лигата на Европа, Нант.
- Шведскиот репрезентативен голман Андреас Паличка според шведскиот АфтонБладет“ би можел уште на полусезоната да си замине од Рајн Некар Левен и да ја доработи сезоната во Редбергслидс, последниот тим на табелата во Шведска. Паличка од следната сезона се сели во францускиот ПСЖ.
- Норвешкиот првак Елверум ги продолжи договорите со тројца ракометари и донесе уште толку нови. Нови договори потпишаа голманот Емил Имсгард до 2024 година, пикерот Кристиан Ларсен до 2025 година и пикерот Ендре Лангсас до 2025 година. Нови играчи се шведскиот кружен напаѓач Касем Авад, како и бековите Андреас Хаугсенг и Бенџами Берг.
- Левиот бек од Шпанија, Мигел Санчез Мигелон, се обврза на нова соработка со полскиот шампион Келце. Откако ги задоволи вкусовите на раководството во првата сезона, тој потпиша договор на уште две години.
- Европскиот шампион Барселона е многу блиску до договор со шведскиот репрезентативец Џонатан Карслбогард, кој заминува од Лемго на крајот од сезоната, пишува „RAC1“. Покрај него, Барса покажа интерес и за пикерот на Мотор Запорожје, Вјачеслав Бокан, а ќе се обиде да го задржи Јусуф Бен Али до крајот на сезоната.
ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Барса на шопинг во Мотор, од РНЛ во последниот шведски тим, Келце со нов потпис
Од:Фото: Aрхива