- Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, Игор Арсиќ, го продолжи договорот со шампионот на јужниот сосед на Македонија, АЕК Атина. Арсиќ заедно во пар со Иван Мацкевич, ќе ја сочинува голманската двојка во АЕК и наредната сезона.
- Некогаш големиот талент на хрватскиот ракомет, Иван Слишковиќ, од лето би можел да го облече дресот на тимот на Олимпијакос. Левиот бек кој играше за Нексе, Целје, Веспрем, Порто, последната сезона ја мина во бундеслигашот Штутгарт.
- Екс десниот бек на Металург, Владан Липовина, на крајот на оваа сезона заминува од бундеслигашот Магдебург. Тој играше за Ловќен, Хутенберг, Балинген, Рајн Некар Левен, Вецлар, а следната негова дестинација се уште не е позната.
- Шампионот на јужниот сосед на Македонија, АЕК Атина објави дека им се заблагодари на четворица ракометари од актуелниот ростер. Заминуваат бековите Радојица Чепиќ и Ѓорѓе Голубовиќ, како и левите крила Максимилијан Тике и Орелиен Читомби.
- Црногорскиот голман кој бранеше за Струга, Никола Матовиќ, го продолжи договорот со шведскиот тим АМО за уште една сезона. Него ќе му се придружи екс вардарецот Васко Шеваљевиќ, кој доаѓа од Редбергслидс.
- Некогашната желба на Металург, Матеј Ашанин во новата сезона ќе го брани голот на романскиот ЧСМ Букурешт. Иако беше најавено дека ќе паузира од ракометот по заминувањето од Лудвигсхафен, сепак тоа нема да биде случај.