Левото крило и еден од најдобрите стрелци во тимот на Барселона, Аитор Арињо, потпиша нов договор со каталонскиот гигант, со кој се обврзува да остане до 2025 година.
Романскиот десен бек Патриција Визитиу, која беше поврзувана со трансфер во руската ЦСКА Москва, сепак ќе остане во татковината откако потпиша договор со тимот на Галаци.
Досегашниот десен бек на Нексе Нашице, Иван Сршен, потпиша договор на две сезони со бундеслигашот Вецлар и ќе биде четвртиот балкански играч покрај нашиот Филип Миркуловски, Тибор Иванишевиќ и Стефан Чавор.
Новакот во Асобал лига, Виља де Аранда, се засили со двајца српски интернационалци за следната сезона, десното крило од Нови Пазар – Павле Бандука и левиот бек на Спартак Суботица, Жељко Шукиќ.
Хрватската репрезентативка Валентина Блажевиќ, која настапува на позицијата среден бек, направи трансфер од полскиот Лублин во романската Магура Чиснадие и и стана колешка на Елена Ѓорѓиевска.
Спортинг Лисабон врати од позајмица двајца млади ракометари. Станува збор за левиот бек Салвадор Салвадор и средниот бек Жоел Рибеиро, кои досега настапуваа за Боа Ора.