Екипата на Чаир денес го објави новото засилување за следната сезона, во која ќе влезе со големи амбиции.
Ново име во редовите на скопскиот клуб е репрезентативката на Турција, Севдe Озкан, која ќе претставува големо засилување во составот на Басри Љатифи.
Станува збор за ракометарка која може да игра на две позиции, десно крило и десен бек.
Озкан моментално го носи дресот на турскиот суперлигаш Јенимахал и освен во својот клуб, одлични партии покажува и на репрезентативно ниво.
Чаир претходно ја ангажираше Марија Галевска од Овче Поле СУ и младинската репрезентативка на Косово, Клеа Ајвази. Договорот со екипата го продолжи капитенот Леонора Рахмани.