Црногорскиот шампион Ловќен е на прагот да договори супер засилување пред стартот на новата сезона. Тимот што доби директно место во групната фаза од Лигата на Европа, преговара за трансфер на левиот бек Вуко Борозан, пишува „Вијести“.
Некогашниот лев бек на Вардар е слободен агент, откако ја заврши сезоната во Катар, каде што замина по раскинот на договорот со Загреб. Тој беше меѓу најдобрите ракометари во „црвено-црниот“ тим во сезоната 2016/17 кога Вардар стигна до титулата во Лигата на шампионите.
Неговата авантура во македонскиот тим заврши неславно откако замина среде сезона во 2019 година, но и без него Вардар стигна до нов европски трофеј. Потоа одигра две сезони во унгарскиот Веспрем, но не ги повтори партиите од македонскиот клуб.
Раководството на Ловќен веќе имаше првични разговори со Борозан, а наредните денови ќе стане јасно дали ќе има договор.
Борозан играше за црногорскиот тим своевремено, кој ова лето во своите редови ги врати Мирко Радовиќ, Иван Перишиќ, Лука Вујовиќ, Филип Борозан, Михајло Шчекиќ и Вук Лакичевиќ.