Според информациите на данската телевизија „Спорт ТВ2“, искусниот репрезентативец на Данска, кружниот напаѓач Хенрик Тофт Хансен нема да ја продолжи соработката со ПСЖ и во следното лето ќе настапува за матичниот клуб Морс.
Тофт Хансен со раководството на Морс се договорил на едногодишна соработка и најверојатно во неговиот матичен клуб ќе ја заврши својата кариера, со оглед на тоа дека има 35 години, но двете страни одбиваат да ги коментираат шпекулациите од тамошните медиуми.
Пред да се пресели во ПСЖ, Тофт Хансен настапуваше во Бундес лигата, три сезони го носеше дресот на Фленсбург, додека две сезони беше дел од Хамбург. Во својата кариера играше и за Силкеборг, Алборг и Копенхаген.
Со репрезентацијата на Данска најголемиот успех го оствари на Олимписки игри во Бразил и на континенталниот собир во 2019, односно 2012 година, кога со неговите соиграчи го освои златниот медал.