Амбициозната екипа на Охрид за следната натпреварувачка сезона 2023/24 го ангажираше голманот од БиХ, Берин Бркиќ.
Босанецот во Охрид ќе пристигне од некогашниот европски шампион Борац Бања Лука, клуб во кој мина три сезони и токму во Македонија ќе го има првото интернационално искуство.
19-годишниот голман смета дека направил добар избор со прифаќањето на понудата од Охрид.
,,Едноставно, ја прифатив понудата на Охрид затоа што сакам повеќе на напредувам. Одам во посилна лига, со поискусни играчи и тоа е она што ми треба во овој момент, бидејќи сѐ уште сум млад. Сакам сѐ повеќе да напредувам и поради тоа ја прифатив понудата. Очекувањата за првата сезона не се големи, сакам најпрво да се вклопат во тимот и да дадам се од себе. Овој трансфер го сметам како отскочна даска за уште поголем успех”, изјави Бркиќ за порталот ,,Глас Српске”.
Освен Бркиќ, нов голман во Охрид ќе биде и Даниел Ѓорѓески, кој по две сезони минати во Будакалаш, реши да се врати дома.