Трагична вест го потресе Охрид и ракометна Македонија. Голманот на РК Охрид и повремениот македонски репрезентативец Никола Даниловски го загуби животот на 24 години.
Утринава по краткотрајна потрага е пронајден мртов, а безживотното тело на младиот спортист е пронајдено во водите на Охридското Езеро кај Лагадин.
Никола Даниловски потекнува од школата на Металург. Со македонската младинска репрезентација го оствари најголемиот успех, шестто место на Светското младинско првенство во Алжир. Во својата кратка кариера настапуваше за Металург и Пелистер, пред да се пресели во Охрид. Поради трагичниот настан е одложен натпреварот меѓу Охрид и Струга во рамките на македонската Суперлига.