Во текот на вчерашниот ден трагични вести ја потресоа Холандија, откако на 39 години почина поранешната холандска репрезентативка Венди Смитс.
Како што пренесуваат холандските и германските медиуми Смитс починала по тешко боледување. Ракометарката настапуваше за неколку клубови во својата татковина и во Германија.
Беше член и на познатите бундеслигаши Гепинген и Мецинген, а својата играчка ја заврши во текот на 2017 година. Во сезона 2009/10 беше меѓу најдобрите стрелци во тогашниот Челинџ Куп постигнувајќи 50 гола во дресот на Далфсен.
По завршувањето на кариерата, меѓу другото, работеше и како помошен тренер во помладите репрезентативни категории на Холандија. Од 2014 година имаше свој козметички салон за третман на лице.