Поранешниот шведски репрезентативец Фредрик Ларсон го загуби животот во сообраќајна несреќа.
36-годишниот Ларсон додека возел велосипед бил удрен од камион и веднаш починал на самото место.
Станува збор за член на националниот тим на Шведска на ЕП 2010 и СП една година подоцна, a во клупската кариера играше за домашните Шевде, Хамарби, Истад, Савехоф и Алингсас.
Во странство настапуваше за шпанскиот Арагон, како и бундеслигашот Гумерсбах. Кариерата ја заврши пред четири години, а зад себе ги остави сопругата и двете ќерки.