Трагедија во Хрватска – загина ракометар на Загреб! (ФОТО)

Хрватскиот првак Загреб денеска ја објави трагичната вест за загубениот живот на еден од нивните најталентирани млади ракометари.

Се работи за Јосип Бепо Кадија, играч кој беше роден во 2000 година и кој потекнуваше од ракометно семејство.

Трагедијата се случила синоќа околу 23 часот, кога автомобил со четири млади лица излетал од патот.

Двајца  настрадале смртно, а меѓу нив токму Кадија. Вториот што настрада во сообраќајната несреќа за кој нема премногу детали е фудбалер на Промирац, Јосип Бркљачиќ.