Трагични вести пристигнуваат од Данска – почина 19-годшниот ракометар на Силкеборг, Матијас Биркјер.
Биркјер кој беше репрезентативец на Данска изненадувачки почина после неразјаснети околности. Веста секако беше шок и ги погоди неговите блиски.
Трагичната вест беше потврдена и од ракометниот сојуз на Данска.
“Нашите мисли се со семејството на Матијас, а подоцна ќе има повеќе информации“, порачаа од Силкеборг во краткото соопштение
Покрај тоа што беше играч на кадетската репрезентација, Матијас имаше настапи и во младинската селекција на Данска.