Македонскиот интернационалец, Тоше Ончев е избран за најдобар играч на 8. коло во словенечкиот шампионат откако освои најмногу гласови од сите останати номинирани играчи во онлајн гласањето организирано од Ракометната федерација на Словенија.
Ракометарот на Тримо Требње со 27,55% го освои првото место, додека на втората позиција заврши Денис Коњевиќ од Копер со 24,69%.
Останатите пет играчи кои беа дел од изборот за играч на 8. коло имаа освоено под 14% .
Ончев во претходното коло беше најефикасен во победата над Слован Љубљана, постигна пет гола, а екипата на Тримо Требње оваа сезона има големи шанси да ја освои шампионската титула.