Репрезентацијата на Данска по пауза од речиси 18 години повторно се израдува на медал на континенталните собири, но не успеа да направи комплетна сензација на Европското првенство 2022 и во финалето беше поразена од Норвешка со 27:25.
Голманката на Данска, Сандра Тофт по финалниот натпревар истакна дека се чувствува разочарано, најмногу поради солидната предноста која ја имаа до 50 минута.
,,Чувствувам големо разочарување. Би сакала да им подарам злато на девојките, но јас сум горда на овој медал. Разочарана сум многу, но кога ќе ја испијам првата чаша вино или пиво, сѐ ќе се смени (се смее). Одигравме одлично не само во првото полувреме, туку генерално до 50 минута. Репрезентацијата на Норвешка е одлична и искусна репрезентација и претходно била во слични неволји. За нас ова беше сѐ ново“, изјави Тофт за ,,BT Sport”.
Данска заедно со Норвешка и Шведска ќе бидат ко-организатори на Мундијалот во 2023 година.
Норвешка е од друга планета: По деветти пат на европскиот трон!