Вардар забележа висок пораз во првиот осминафинален натпревар на домашен терен против екипата на Веспрем од 22:30. Пикерот на црвено-црните, Жереми Тото смета дека сè уште ништо не е решено и дека Вардар има што да покаже.
„Најпрво ви сакал да зе заблагодарам на навивачите, ова е најдобрата атмосфра во Европа. Им благодарам на сите навивачи што дојдоа денеска. Во првото полувреме бевме добри, особено во одбраната, но во нападот беше малку потешко. Во второто полувреме голманите ја направија разликата, Коралес едноставно го заклучи голот. Беше навистина тешко, но ова се само прво полувреме, има уште 60 минути во Веспрем. Не сум импресиониран од Веспрем, ние сме Вардар не се предаваме и сигурен сум дека има што да покажеме. Направивме многу греши во напад и бевме немоќни против Коралес“, рече Тото за 24Ракомет ТВ.