Тимот на Вардар му гостува на Загреб во последниот натпревар од Лигата на шампионите за оваа година.
Пикерот Жереми Тото вели дека целиот тим е фокусиран на овој натпревар и знае колку е значаен во борбата за осминафинале.
„Нашите очекувања за овој натпревар е да бидеме силни исто како што бевме во Кил. Мислам дека покажавме добро лице иако загубивме. Сега се фокусираме на овој натпревар со Загреб. Правиме видео анализа на противникот и верувам дека целиот тим е фокусиран за овој натпревар. За нас е многу важно да победиме“, изјави Тото.
Натпреварот меѓу Загреб и Вардар се игра утре со почеток во 20:45 часот.