Тото: Во Вардар лесно се наоѓа мотивација – ова e голем клуб со играчи кои играле ЛШ!

Жереми Тото сезонава е еден од клучните играчи на Вардар, Французинот прикажува одлични настапи во дресот на црвено-црните, а сега во интервју за официјалната страна на ЕХФ зборувшае на повеќе теми.

Тото истакна дека во Вардар не е тешко да се пронајде мотивација покрај толку добри играчи.

„Во Вардар не е тешко да пронајдете мотивација, Вардар е престижен клуб со многу добри играчи кои играат во Лигата на шампионите, што би требало да барате повеќе?“.

Пред дојде во Вардар Тото го сметале за играч кој може да биде корисен во одбраната, но 42-та постигнати гола во групната фаза од Лигата на шампионите се доказ дека играта на Тото се промени.

„Мотивиран сум да покажам дека можам да играм и на двете страни. Во минатото луѓето зборуваа за мене како играч кој само се брани. Во последните две години, посебно од кога дојдов во Скопје докажувам дека можам да бидам ефикасен и во нападот“.

Верува дека доаѓањето на Дејвис на клупата на Вардар е од големо значење за клубот.

„Дејвис е човек кој има исто размислување како нас. Бара многу и прецизен е во она што сака ние да го правиме, но во исто време и верува во нас“, објасни Тото кој минатата сезона во Висла Плоцк соработуваше со друг шпански тренер, Чави Сабате.

Во четврток на домашен терен Вардар го очекува првиот натпревар од двомечот во Лигата на шампионите против Веспрем.

„Знам дека ова ќе биде посебен натпревар за тренерот поради неговиот однос со Вардар, но и за многумина од нас затоа што за првпат ќе играме во Лигата на шампионите. Но, ние сакаме да го продолжиме добриот момент и сите во клубот да ги направиме горди“, изјави Тото.

Ќе потсетиме, Тото на крајот на сезоната го напушта Вардар и ќе се врати во Франција каде што ќе продолжи во редовите на Нант.