Ракометарите на Келце на гостувањето во Словенија кај Целје триумфираа со 33:30 во натпревар од 5. коло од Лига на шампионите и за првпат во историјата на меѓусебните дуели успеаја да го совладаат словенечкиот шампион на гостински терен.
На дуелот меѓу Целје и Келце судии беа сестрите од Франција, Шарлот и Жули Бонавентура, кои поделија вкупно седум исклучувања од по две минути, пет за домашниот состав и две исклучувања за гостите.
Во еден момент кога ракометарите на Келце беа во напад и реализираа за гол, тренерот на Целје, Алем Тоскиќ сметаше дека требаше да биде досудено пробивање
Шарлот и Жули Бонавентура не се занимаваа многу со замерките од домашната клупа, па така Тоскиќ со неверување се тресна од земја.
Погледнете…
Handball is emotions! This Toskic reaction🔥#handball #ehfcl pic.twitter.com/M6LsuEtfIS
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) October 27, 2022