Поранешниот ракометар на Вардар, Алем Тоскиќ кој својата играчка кариера ја заврши во Унгарија останува дел од тимот на Чурго каде што една сезона имаше двојна улога. Тој го продолжи договорот до следното лето така што останува дел од оваа екипа со која има добри резултати.
Тоскиќ дојде во Чурго во 2018 година и една сезона беше играч. Откако Јозеф Бенце поднесе оставка, тој во втората сезона стана играч-тренер. Минатата сезона која беше скратена му беше тренерско крштевање, а успеа да покаже дека може да биде одличен бидејќи стигна до Ф4 турнирот во Купот на Унгарија, но за жал истиот не се одигра.
Со новиот договор, Тоскиќ ќе остане во клубот до летото во 2022 година, а тоа ќе биде можност за нови успеси. Сезонава со тимот има шест победи, едно реми и четири порази, па останува да се избори за уште подобри резултати во продолжението од сезоната.