Топка со очи до пивот а потоа на сцена Мартин Томовски (ВИДЕО)

Вардар во одлична атмосфера во салата Јане Сандански игра неизвесен натпревар против екипата на Елверум во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Иако после првиот дел Вардарци имаа водство во продолжението Елверум успеа да направи пресврт на резултатот. Лесно можеше да го видиме голот на колото, но тоа не го дозволи Мартин Томовски. Пикерот на Елверум доби фантастично додавање со пас кој беше од десетина метри раздалеченост а потоа се обиде да го совлада голманот на Вардар кој не дозволи атрактивен погодок. Одбраната и додавењето поглденете ги во следното видео.