Поранешниот репрезентативец на Македонија и во последните години тренер на тимовите на Пелистер, Прилеп, Тиквеш и Младост, Томче Петрески после 15 години се враќа во Франција, а неговиот нов клуб е женскиот второлигаш Кан.
Тој веќе се наоѓа во Франција и почна со подготовките со новата екипа, а тренинзите стартуваа во понеделникот. Екипата на Кан се наоѓа во полоша финансиска состојба од лани и има намален буџет, а екипата ја имаат напуштено девет ракометарки.
Во новата сезона ќе бидат главно млади ракомегтарки, а донесени се четири засилувања, па главната задача за Петрески ќе биде да обезбеди опстанок со девојките.
Втората лига на Франција брои 14 тимови, а ова е трет клуб на кој Петрески е тренер во Франција. Претходно ги водеше тимовите на Оријак и Ларош.