Тимот на Лудвигсхафен, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, го одигра последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.
Лудвигсхафен славеше на домашен терен со убедливи 30-20, а на полувремето имаше предност од шест гола, 17-11.
Томовски бранеше во второто полувреме и забележа десет интервенции, а прими само девет погодоци.
Овој натпревар се одигра пред 250 гледачи, па веројатно и на стартот на бундеслигашките возбудувања ќе може да има публика.
Во првото коло од Бундес лигата, која стартува на 1 октомври, Томовски и Лудвигсхафен на домашен терен ќе играат со Лајпциг.