Македонскиот шампион Вардар славеше убедливо против норвешкиот првак Елверум со 39-30 во последното коло од Лигата на шампионите.
Голманот на „црвено-црните“, Мартин Томовски, смета дека тимот покажал карактер и покрај негативата успеа да забележи висок триумф.
„Мислам дека отворивме добро во првиот дел, но тимот ја немаше голманската поддршка од нас голманите, но подоцна ги консолидравме редовите. Моравме да го дадеме најдоброто од нас, во вториот дел се виде на теренот. Благодарност до публиката и до соиграчите кои веруваа дека и покрај кризниот период, можевме да се вратиме. Покажавме караткер, оваа победа е од големо значење и ќе ни даде голема самодоверба пред дуелот со Веспрем“, изјави Томовски.
Следен предизвик за Вардар ќе биде осминафиналниот двомеч со Веспрем кон крајот на март и почетокот на април.