Ракометарите на Вардар славеа на првото дерби оваа сезона во суперлигашката конкуренција против Еурофарм Пелистер со 30-25.
Еден од јунаците победата на „црвено-црните“ е голманот Мартин Томовски, кој имаше 14 интервенции.
„Играа сталожено и мирно во одбраната моите соиграчи, знаеја што прават во нападот. Без нивна помош немаше да бидам и јас добар. Им посакувам на пелистерци среќа во ЛШ, а нас ни останува само македонското првенство. Ќе даваме се од себе, немаме многу притисок, сталожено и мирно како што кажа и Борко, ќе чекориме мирно кон титулата. Тивка вода, брег рони“, вели Томовски.
Тој одбрани четири седмерци, по два на крилата на актуелниот шампион Кузманоски и Радивојевиќ.
„Извлеков поука од натпреварот во Струмица, морав да покажам малку повеќе. Добро ги анализирав играчите на Еурофарм Пелистер. За одбранетите пенали – тоа е момент на инспирација, анализа и добра подготовка“, заврши Томовски.
Вардар во следното коло ќе игра против Пролет, додека Еурофарм Пелистер игра два меча во два дена следниот викенд дома – против Мулти Есенс и Голден Арт.
„Пантерот“ беше нерешлива загатка за пелистерци – им фати четири седмерци! (ВИДЕО)
Недановски: Не мора ни да сум во сала – знам дека Стоилов и играчите ќе го реализираат договореното!