Ракометарите на Лудвигсхафен во натпревар од Бундес лигата остварија изненадувачка победа против Хановер со резултат 28:25. Со освоените бодови против Хановер, екипата на Мартин Томовски има големи шанси следната сезона повторно да биде дел од најсилната лига на светот.
Лудвигсхафен во текот на целиот натпревар беше во водство и успеа да дојде до триумф. По десет минути игра, имаше висока предност од 8:2, а на полувреме замина со плус четири, 16:12.
Во вториот дел, Хановер успеа да намали на еден разлика, но до крајот, Лудвигсхафен беше стабилен на теренот и рутински дојде до посакуваната победа.
На овој натпревар настапија и двајцата репрезентативци на Македонија, Филип Кузмановски и Мартин Томовски. Во дресот на Хановер, Кузмановски беше стрелец на еден гол. Томовски беше солиден меѓу стативите и забележа шест успешни интервенции.