Четворицата македонски репрезентативци беа активни оваа вечер во Бундес лигата со своите екипи.
Хановер на Филип Кузмановски успеа да одигра нерешено со Фуксе Берлин, 27-27, а македонскиот бек немаше победник од двата удари.
Вецлар на Филип Миркуловски без проблеми славеше над Нордхорх со убедливи 35-26, а македонскиот репрезентативец даде три гола од три обиди.
Лудвигсхафен на Мартин Томовски триумфираше вторпат во серија. Овојпат славеше над Бергишер со 28-22, а македонскиот голман беше клучен за триумфот со 14 одбрани, од кои два пенали.
Штутгарт на Жарко Пешевски загуби на гости кај Лемго со 35-29, а кружниот напаѓач даде два гола од два обиди.